Младиот македонски математичар Македон постигна извонреден успех на двата престижни турнири „Математика без граници“ и „Лодовико Ферари“, кои се одржаа во бугарскиот град Несебар со учество на 875 натпреварувачи од 42 земји.
Македон се закити со неколку високи признанија: титулата Математичка ѕвезда на турнирот, пехар за трето место во Купот на Математика без граници, сребрен медал по алгебра и бронзен медал на главниот турнир.

Овој успех е уште една потврда за квалитетот на македонските ученици на светската образовна сцена.




