По три победи во низа на стартот од сезоната, екипата на Плоешти го доживеа првиот пораз од Питешти со кого до ова коло го делеше врвот на табелата. Екипата на Андреј Магдевски на домашен терен загуби со (70:74) иако повеќе од три четвртини имаше водство.
Андреј Магдевски повторно беше најдобар играч во својата екипа. За 29 минути во игра постигна 15 поени, а имаше уште и седум асистенции и три скока за индекс 17, највисок во тимот на Плоешти.



