Екипата на Магдебург ја освои Лигата на шампионите во ракомет откако по голема драма во финалето го совлада Келце по продолженијата со 30:29.
Гисли Кристјансон кој вчера со Барселона доживеа непријатна повреда, денес неочекувано заигра и беше маестрален и заслужено се закити со титулата МВП на завршниот Фајнл-фор турнир во Келн.