Селекторот Данило Брестовац дефинитивно нема да може да смета на услугите на Дејан Манасков поради повреда. Репрезентативецот уште пред фајнл-фор во ЛШ на десната нога имаше хематом па според препораките од докторите треба да мирува. Стојанче Стоилов исто така има повреда но се надеваат дека со него ќе се среди ситуацијата, додека Борко Ристовски е на инфузија поради настинка, но би требало да биде фит за многу важните мечеви.



