Екипата на МВП Скопје е новиот шампион во М14 лигата од „Адастра“ младинските лиги. Во финалниот натпревар од завршниот турнир, организаторот, беше далеку поуспешен од екипата на Бадел 1862.
Во финалниот натпревар убедливо го поразија Бадел 1862 со убедливи (74:50) за победнички пехар
Во т.н. „мало финале“, девојките од Битола беа подобри од екипата на Струга 2009 и се закитија со бронзените медали.
СТРУГА 2009 –ПЕТРОВСКИ 46:60
(12-20; 13-20; 13-9; 8-11)
Поголем дел до задачите кошаркарките на Петровски завршија во првото полувреме. Односно 20 минути во кои дадоа по 20.поени во двете одиграни четвртини. Вкупно 40, а примија доста помалку, и на одморот заминаа со водство од (40:25).
Стружанки најавија враќање во третиот дел од играта, но на истекот од тој период, намалија само три поени од двоцифрената негатива, за нешто пониски (38:49).
Недоволно за нешто повеќе, па сосема заслужено екипата од Битола се радуваше на победата во која А. Димитровски реализираше 28.поени, а Наумовска уште 19.
Ви екипата на Струга 2009, А. Узуноска стрелаше за 14.поени, Кајмакоска 11, а Т. Узуноска имаше осум.
ФИНАЛЕН ТУРНИР М14 ЛИГА-ЖЕНИ
РЕЗУЛТАТИ
ПОЛУФИНАЛЕ
МВП Скопје – Струга 2009 63:37
Петровски – Бадел 1862 52:64
НАТПРЕВАР ЗА ТРЕТО МЕСТО
Струга 2009 –Петровски 46:60
ФИНАЛЕ
МВП Скопје – Бадел 1862 (74:50)




