МЗТ Скопје на гостински терен во Сараево го совлада Спарс со 70-71 во првиот меч од полуфиналната серија во АБА2 лигата.
Лестер Медфорд погоди на една секунда до крајот и донесе голема победа иако МЗТ губеше и со 17 разлика во текот на мечот. Најефикасни кај МЗТ Скопје денес беа Медфорд, Иванов и Симоновски кои го завршија натпреварот со по 13 поени, додека Предраг Самарџиски оствари дабл-дабл од 12 поени и 11 скокови.



