Македонскиот интернационалец Никола Костески и следната сезона ќе ја мине во австриското првенство.
По одличните игри оваа сезона, раководството на Линц му понуди нова соработка и одлични услови кои Костески го “принудија” да остане во Линц.
Костески беше најдобар стрелец на Линц и втор стрелец во целата лига.



