Лидија Мојсовска од Струга за филмот „Само ѓаволот мрази вода“ ја доби наградата за најдобар филм на 14-от Beyond Borders фестивал. На фестивалот беа прикажани вкупно 33 краткометражни филмови во кои се откриваат скриени приказни и идентитети кои ги реартикулираат поимите за „граница“.
„Само ѓаволот се плаши од вода” е втор краток филм на Мојсовска. Нејзиниот прв краток филм „Награда” (2018) беше прикажан на повеќе од 50 фестивали и освои 18 награди.
Главните улоги ги толкуваат Ангел Ристоски, Анастасија Јованоска и Тинка Ристеска. Продуцент на филмот е Марија Димитрова, сценариото го потпишуваат Лидија Мојсовска и Јаков Попоски, кинематографер е Бранко Аврамовски, монтажер Михаил Димитров, сценографијата е на Александра Чевреска, костимите се на Роза Трајческа Ристовска, шминката на Снежана Ангеловска Живковска, а музиката е на Ален и Ненад Синкауз.
„Само ѓаволот се плаши од вода” е во продукција на „Лист продукција“ и „Слобода филм“, а во копродукција со Антиталент од Хрватска и е поддржан од Агенцијата за филм на Р Северна Македонија, See Cinema Network и Хрватскиот аудиовизуелен центар.



