Пандемијата со вирусот Ковид 19 ги прекина речиси сите спортови. Долгата пауза сите спортисти ја користат за индивидуални подготовки. Се чини малку полесно од другите му е на младиот ракометар Даниел Андоновски кој си има личен тренер.
Поранешниот Македонски репрезентативец Горан Андоновски кој е татко на Даниел, секојдневно му пренесува дел од знаењето од ракометните терени на својот син и го одржува во форма за да биде спремен за идната сезона.





