Дванаесетте погодоци на Ахмед Хешам во дресот на Веспрем во поразот од Спортинг во рамки на ЕХФ Лигата на шампионите минатата недела, ги натераа клупските статистичари на унгарскиот гигант да „копаат“ по архивите.
Од 1977 година, дури во 15 наврати некој ракометар на Веспрем постигнал 12 или повеќе голови на меѓународна сцена.
Абсолютниот рекордер е македонската ракометна легенда Кирил Лазаров, најдобриот стрелец во историјата на ЕХФ Лигата на шампионите. Лазаров двапати реализирал по 14 гола – на 8 октомври 2005 година против Динамо Букурешт и на 7 октомври 2006 година против Поваѕска Бистрица.
Вкупно четири пати Лазаров постигнал најмалку 12 гола во европски натпревар, со што е рекордер пред Марко Вујин, кој тоа го сторил три пати.
Освен Хешам и Елдераа, уште двајца актуелни членови на тимот можат да се пофалат со двоцифрен број голови во натпревар од Лигата на шампионите за Веспрем — Гашпер Маргуч, кој минатата пролет постигна 10 против Сегед, и Недим Ремили, кој трипати го сторил тоа (против Порто, Фуксе Берлин и Фредериција).




