Македонската машка ракометна репрезентација во најсилен состав ќе излезе попладнево, 17 часот, против Финска во Рихимаки, во претпоследното коло од квалификациите за Европското првенство во јануари следната година. Селекторот Кирил Лазаров и неговиот асистент Филип Миркуловски се најдоа во составот, па така со тројца десни бекови, а со едно десно крило ќе настапиме денес. На трибините ќе останат десното крило Ненад Костески, левиот бек Михајло Младеновиќ, како и голманот Марко Кизиќ.




