Вардар ја почнува новата европска авантура со настап во ЕХФ Лига Европа каде „црвено-црните“ ќе играат во групите. Пред првиот натпревар, оној со Валур од Исланд беше одржана прес-конференција на која зборуваа тренерот Владо Недановски, и пивотменот Милан Лaзаревски.
„Драго ми е што по две сезони се врaќаме на европска сцена. Противникот е малку познат за јавноста, но се работи за млада и добра екипа, што преферира брз и модерен ракомет. Имаат и двајца искусни играчи, со повеќе од 40 години. Валур минатата сезона го освои трофејот во Европскиот Куп. Фаворитската улога ја преземаме ние, бидејќи играме во нашата сала, се работи за Вардар и мислам дека ќе ја оправдаме, вели Владо Недановски, тренерот на Вардар.
„ Поволна е групата, а овој прв натпревар ќе има големо значење за нас со противник по мерка. Валур е брза екипа, транзицијата во игра им е главно оружје, но сметам дека ние сме фаворити и имаме одлична позиција со победа да ја отвориме новата сезона и да ги израдуваме нашите навивачи, вели Милан Лазаревски,
Натпреварот се игра вечер од 20,45 часот во СЦ „Јане Сандански“.




