Еурофарм Пелистер денес за првпат во историјата ќе игра на фајнал-фор турнирот во СЕХА-лигата, во кој ќе игра против Веспрем во полуфиналето (20.30ч.).
Кога бев дете Пелистер беше голем клуб. Кога си на моите години понуда од клуб како Еурофар Пелистер не се одбива. Постоеше шанса да дојдам со високи амбиции во клубот и таа шанса не ја испуштив.
Ние сме тим во изградба, имаме десет нови ракометари и нов тренер и падови и подеми се нормална појава. Водевме цело време против Мешков Брест, го имавме Урбан на голот и со малку среќа победивме.
Нема што да загубиме утре во полуфиналето. Ништо не се знае, ова е спорт и сите опции се отворени. – изјави тренерот Ларс Валтер