Македонските одбојкари со триумфот над Црна Гора со 3:0 во сетови обебзедија пласман меѓу 16 најдобри селекции во Европа.
Александар Љафтов, повторно беше еден од најдобрите и на натпреварот против Црна Гора.
„Само ние си знаеме како дојдовме до тука. Сакам да и честитам на цела Македонија, на целата спортска јавност, на сите Македонци кои во овие изминати години беа со нас и нѐ бодреа. Тие се дел од успехот. Нашиот сон стана реалност, на третото Европско првенство ние успеавме да се пласираме во осминафиналето”