Во првото коло на германската бундеслига, Хановер загуби со 24-28 од силниот Рајн Некар Левен. Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски беше стрелец на 3 гола на овој меч, а подели и неколку асистенции.
Филип Миркуловски со Вецлар загуби од Фуксе Берлин 29:24 на гостински терен, иако на полувреме тимот на нашиот ракометар водеше со 13:14.



