Филип Кузмановски со неговиот тим Хановер влезе во победнички ритам и втор натпревар по ред излегува како победник против ривалите. Овој пат Хановер триумфира со резултат од 27:23 над Кобург каде што македонскиот репрезентативен бек постигна 3 гола. Противникот постојано беше блиску и во резултатска неизвесност но домаќините успешно го приведоа мечот до конечна победа.



