Екипата на РК Алкалоид го освои пехарот во Купот на Македонија, откако во финалето по изведување на пенали го совлада РК Еурофарм Пелистер. Регуларниот дел заврши со резултат 22-22, додека во пенал серијата РК Алкалоид беше подобар со 3-1.
МВП признанието го понесе Филип Кузмановски од Пелистер, додека пак најдобар стрелец беше Богдан Радивојевиќ.
Наградата за најдобар голман на Ф4 завршницата му припадна на младиот голман на Алкалод, Иван Галевски.