Бутел Скопје славеше со 30:25 против Еурофарм Пелистер 2 во меч од Суперлигата. Мајиќ, Мојсоски и Печенковски со по 6 гола беа најпрецизни во Бутел, додека кај гостите се истакна Цветан Кузманоски со 7 погодоци.
Тиквеш одигра 25-25 против Прилеп во дербито на суперлигата. Гостите од Прилеп со голот на Гавашелишвил од девет метри се избори за големо реми во последната секунда од мечот. Кај Тиквеш најпрецизни беа Јанчев со 6 и Мандиќ со по 5 гола, додека во Прилеп по 5 дадоа Шокоски и Чантурија.