Струга славеше рутинска победа на гостувањето кај Астраион во Струмица со 18:25, и обезбеди место во групната фаза од Купот на Македонија.
Ненад Костоски со 9 погодоци и Јовица Младеновски со 5 гола беа најефикасни во Струга, додека кај Астраион се истакна Наков со 10 погодоци.




