недела, март 26, 2023
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Кошарка

Куманово го совлада Феникс, Кожув славеше во Чаир (Прва лига-мажи)

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
февруари 12, 2023
📁 Кошарка

Кумановци изненадија, и го совладаа составот на Феникс 2010 (73:68), гевгеличани ја продолжија серијата на победи, против Чаир 2030 (86:79). Изедначен дуел во Куманово, и конечно, победа за „сино-белите“ со кои ја прекинаа својата низа на неуспешни игри, но и победничката серија на гостите од Скопје, која застана на бројката четири.

КУМАНОВО 2009 – ФЕНИКС 2010      73:68

Кумановци направија голем чекор во трката за место кое води во зоната на опстанокот откако со добра, константна игра во текот на скоро сите 40 мибути, го изненадија тимот кој беше во серија од четири победи, три од нив во оваа календарска 2023 година.Доста изедначен натпревар се играше во слаата „Перо Наков“ во Куманово, во најголем дел, макар што кумановските „сино-бели“ имаа водство, но не така високо и недостижно.Откако го преземаа водството (Феникс 2010 водеше со 16:14, на истекот на првата четвртина) домашните кошаркари практично не го испуштија до самиот крај. До полувремето, поведоа со (38:33), а иста позитива имаа и на крајот на третата, (54:51).

Во онаа последната, Трајковски донесе израмнување (58:58), по три минути од играта. Но во наредните три, кумановци успеаја да се одвојат, прво на (66:61), потоа и на (71:63) кога останаа да се играат само 29 секунди.Премалку за Феникс 2010, кој „падна“ прв пат во 2023 година. По „заслуга“ на новиот странски двоец Џеферсон (стрелец на 21поен)- Смит (12), кои беа добро следени од Нацевски, но и младиот Димитриевски со по десет реализации.  На другата страна од игралиштето, Бојан Трајковски уште еднаш беше блиску до троен ефект. Имаше 19 поени, 10 скока и 7 асистенции, Митревски дојде до 17, а Фалден и Димчевски до 11 поени.По 15 одиграни кола, Куманово 2009 има ефект (4-11), а Феникс 2010 (9-6).

ЧАИР 2030 – КОЖУВ        79:86

Кошаркарите на Кожув ја забележаа и четвртата по ред победа во прбата лига, откако вечерва славеа на гостински терен  кај Чаир 2030. Во неизвесен натпревр, победникот беше решен во последните пет минути.Оние во кои гевгеличани, предводениод двоецот, Ризвиќ-Братож со серија од (15-1), успеаја негативата да ја претворат во предност, а потоа и во победа.По 10. минути игра во салата „Шабан Трстена“ резултатот гласеше (23:21). Во онаа втората, немаше неколи резултатски отскокнувања, но сепаак, гостите од Гевгелија го преземаа водството, на полувремеимаа плус од три поени (45:42).Чаирчани успеаја да стигнат до највисоката предност од 68-60 на крајот на третата четвртина, во голема мерка по соло-зиведбите на Јусуф Мохамед, а предноста ја задржаа се до средината на последната.

Се покажа како клучна за конечниот исход, затоа што  Кожув се врати во игра, и тоа со серија на тројки. Погодија Ризвиќ и Братож па на две и пол минбути пред крајот, „црвено-белите“ негативата ја претворија во предност (79:78). А по неуспешниот обид на Руштити, Ризвиќ погоди две слободни фрлања за (81:78), следуваше половична реализација на Александровски од линијата за слободни фрлања (79:81), а во последната минута, точен од таа позиција прво беше Братож, а потоа и Ризвиќ, но и Гордон.На крајот, 25 поени за Кожув постигна Ризвиќ, а до 22 поени дојде и првиот стрелец на лигата, Мајрон Гордон.Со 33 поени и 8 скока, кај Чаир 2030 заврши Мохамед, го следеа Рушити и Чучковиќ со по 13 поени.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 15. КОЛО

Работнички – Гостивар   98:63

Струмица 2022 – Пелистер       77:101

Еуро Никел 2005 – ТФТ Mozzart          69:73

Чаир 2030 – Кожув           79:86

Куманово 2009 – Феникс 2010 73:68

13. ФЕВРУАРИ (ПОНЕДЕЛНИК):

18.00: Навико Академија ФМП – МЗТ Скопје Аеродром

Сала „Независна Македонија “- Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/W8rRyGx4PZs?feature=share

ТАБЕЛА: Пелистер 27, МЗТ Скопје Аеродром 26 (-1), ТФТ Mozzart 25, Феникс 2010 24, Еуро Никел 2005 24, Гостивар 24, Работнички 23, Кожув 22, Чаир 2030 22, Куманово 2009 20, Навико Академија ФМП 17, Струмица 2022 17;

ShareTweet
Претходна вест

Гроздановска одлична во ремито на Винтертур

Следна вест

(Видео) Хотел во форма на месечина ќе се гради во Дубаи

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Македонија ја растури Норвешка кога беше најважно
Кошарка

Македонија ја растури Норвешка кога беше најважно

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
26/Фев/2023
КУП 2023: ТФТ и Баскет Кам ги бранат титулите
Кошарка

КУП 2023: ТФТ и Баскет Кам ги бранат титулите

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
16/Фев/2023
Одличниот Димитријевиќ ја “сруши” големата ЦСКА Москва
Кошарка

Одличниот Димитријевиќ ја “сруши” големата ЦСКА Москва

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
16/Фев/2023
Aња Начевска дебитира за сениорките на Македонија со неполни 16 години
Кошарка

Aња Начевска дебитира за сениорките на Македонија со неполни 16 години

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Фев/2023
Следна вест
(Видео) Хотел во форма на месечина ќе се гради во Дубаи

(Видео) Хотел во форма на месечина ќе се гради во Дубаи

Последно

(ВИДЕО) Втората четвртина беше пресудна за триумфот на Вест Коуст

Прва победа за Калваа; Клебо го израмни рекордот на Јохауг

(ВИДЕО) Заврши сезоната за Адмирал: АК Барс во полуфиналето

(ВИДЕО) Џилингем го порази Карлајл во последните мигови од натпреварот

(ВИДЕО) Стокпорт го остави Свиндон без ниеден шут

(ВИДЕО) ,,Петарда” на Ексетер против Акрингтон Стенли

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.