Македонскиот интернационалец Дејан Кукуловски и неговиот Брно во првото коло во Европскиот Куп славеа против тимот на Зубри со 28:24 (полувреме 15:11).
Дејан Кукуловски одигра одлично на оваа средба и во одбраната и во нападот каде беше помеѓу најдобрите стрелци со 4. погодоци. Реванш дуелот ќе биде одигран на 16 септември во Зубри.




