Македонскиот интернационалец Дејан Кукуловски и неговиот Брно се пласираа во полуфиналето на Купот на Чешка откако славеа над Нове Весели со 30:22 на домашен терен. Кукуловски беше најдобар во Брно со 5. погодоци и најзаслужен за победата на неговиот тим.
Во реприза на ланското финале Никола Костески и Плзен загубија на гостувањето кај Карвина со 35:30. Костески на овој натпревар постигна 2 погодоци од 2 обиди.