Христијан Крстаноски поранешниот ракометар на Струга, кој минатата сезона го носеше дресот на Куманово, во новата ќе биде засилување за Вардар Неготино.
Високиот Крстаноски кој игра на позицијата лев бек, а одлично се снаоѓа и во одбраната е само уште едно од неколкуте засилувања за “четата” на Игор Котевски во битките за опстанок. Крстаноски со тренерот Котевски соработуваше и во изминатата сезона во тимот на Куманово.