Никола Костески и Плзен продолжуваат со победите во Чешка. Синоќа во четвртфиналето од Чешкиот Куп славеа на гости кај Јичин со 25:34.
Костески одигра повтрно на ниво и беше втор стрелец во тимот со 4 голови, 2 украдени топки и 2 изнудени пробивања со што помогна неговиот тим да се пласира во полуфиналето на Купот.