Во интересен натпревар Костески и Плзен славеа против Брно тимот на Дејан Кукуловски со 26:18 во 12.коло од шампионатот во Чешка.
Никола Костески и Дејан Кукуловски беа помеѓу најефикасните ракометари на теренот со по 3. погодоци. Колку беа изедначени стрелците на овој натпревар говори и тоа што најефикасниот ракометар на теренот беше Јакуб Дуда со 5 погодоци во тимот на Плзен.