Во првиот натпревар од полуфиналната серија која се игра во три добиени тимот на Талент Плзен дома беше подобар од Робе Зубри со 30:26 (полувреме 15:14).
Македонскиот ракометар Никола Костески повторно беше еден од лидерите во победата на Талент Плзен со 4 погодоци и 3 украдени топки. Најефикасен во неговиот тим беше Нејдл со 6 гола.