Никола Костески и Влатко Митков стигнаа до нова победа со тимот на Холабрун во Австриската Челинџ (втора лига). Вечерва славеа против Брикстон Кремс со 33-23.
Десното крило Никола Костески беше најдобар поединец на теренот со 8 гола од 8 обиди со кои го водеше неговиот тим до победа и сосема заслужено ја доби наградата ИГРАЧ НА НАТПРЕВАРОТ. Влатко Митков на овој меч постигна 2 погодоци и имаше неколку асистенции. Поради раното водство на Холабрун двајцата играа по околу 40-тина минути, а после тоа заслужено добија поштеда од тренерот за наредниот предизвик.




