Чешкиот шампион Талент Плзен и Никола Костески започна со тешка победа во првиот натпревар од четвртфиналето од плејофот со 35:33 над Фридек Мистек.
Македонскииот репрезентативец Никола Костески беше еден од најзаслужните за новата победа на неговиот тим .
Костески во последната минута најпрвин украде топка и фрли контра до неговите соиграчи, а потоа во наредниот напад и сам истрча контра и даде гол за победа 35:33. Македонецот првиот натпревар од четвртфиналето го заврши со 4 гола и 3 украдени топки




