Екипата на Гостивар ќе биде осмиот и последен учесник во доигрувањето за шампионската титулата затоа што во мечот на одлука, беше далеку подобар противник од Кожув. Стигнаа гостиварци до повеќе од убедлива победа, која ги тргна сите дилеми кој ќе биде осмопласиран во регуларниот дел од сезоната.
Кога беше најпотребно, екипата која ја предводи тренерот Јорданчо Давитков одигра и најдобро. Во натпреварот во кој победата ги „бетонира“ на осмото место, она последното кое води во плеј-офот, делуваа мошне мотивирано, но и квалитетно против екипата која пред извесно време направи една своевидна „реконструкција“ во ростерот.
Повеќе од доволно за осма победа во 21. одигран натпревар, или недостижни три повеќе во однос на Кожув во пресрет на последната рунда од натпреварите во Првата лига.
Одлично ги одработи овие 40.минути стартната петорка. Предводена од Вилијамс, кој реализираше 25.поени (но и девет скока и седум асистенции), Инграм дополни со 24, но и 15 скока. Двоен ефект запиша и младиот Стојаноски, кој на 10 поени придодаде и 13.скока, а двоен број на поени имаше уште еден млад играч – Костоски, кој даде 19 (имаше и шест скока, 4 украдени топки една асистенција и една блокада и вкупен индекс 29), но и Слејтер кој дојде до 15.победи.
Во екипата од Гевгелија, Милер беше стрелец на 18, Пен даде 11, а Марковиќ додаде уште 10. поени.




