Виена е рангирана на прво место на листата на најдобри градови погодни за живеење во светот според годишниот индекс на „Economist Intelligence Unit“ како што пренесува „CNN“.
Во 2018 и 2019 година, австриската престолнина ја имаше истата позиција на рангирањето, но минатата година беше проценето дека квалитетот на животот во европските градови значително опадна поради заклучувањата и другите ограничувања поврзани со Ковид-19. Од почетокот на оваа година, повеќето од ограничувањата во светот се укинати, а големите градови во Нов Зеланд, Австралија и Кина повторно паднаа на ранг-листата. Според извештајот на Економист, „добро вакцинирани градови“ сега доминираат во Европа и во Канада.
Рангирани биле 173 градови низ светот според различни фактори, вклучувајќи ја здравствената заштита, стапката на криминал, политичката стабилност, инфраструктурата и зелени површини.
Топ 10 градови за живеење во светот
1. Виена, Австрија
2. Копенхаген, Данска
2. Цирих, Швајцарија
4. Калгари, Канада
5. Ванкувер, Канада
5. Женева, Швајцарија
7. Франкфурт, Германија
8. Торонто, Канада
9. Амстердам, Холандија
10. Осака, Јапонија и Мелбурн, Австралија (го делат истото место)