Пионерите на Струга славеа против Преспа Вардар со 29:14 (полувреме 14:6) во првото коло од пионерската лига.
Прво име на натпреварот беше Војо Клењоски кој даде дури 14 погодоци. После него најефикасен кај домашните беше Давор Ферукоски со 8 гола. Во листата на стрелците се запишаа и Чадоски Стефан и Стојкоски Михаил по 2, како и Мечкароски Јован, Танески Јован и Грчески Наум кои постигнаа по 1 гол.
Петар Булаковски со 8 гола беше прво име во тимот на Преспа Вардар.




