Тимот на Академија ФМП на домашен терен славеше над Црн Дрим Грин Мобиле со резултат од 74:68 и ги остави стружани со најслаб учинок во досегашниот дел од Првата лига кошаркарска лига.
Крстајиќ со 27 поени и 10 скока беше прво име кај ФМП, а Харис имаше 11 поени, додека кај гостинот од Струга, Жоао Марсело реализира 17 поени и 10 скока и беше пред Стаменковиќ и Коскоски кои постигнаа по 13 поени. Академија ФМП со овој триумф ја прекина низата од три порази. Тимот се наоѓа на четвртото место. Црн Дрим, пак, има 15 натпревари и скор 1-14.
ПРВА ЛИГА – МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 15. КОЛО
Куманово 2009 – Гостивар 81:73
Академија ФМП – Црн Дрим Грин мобиле 74:68
Еуро Никел 2005 – Работнички 83:84
ОДЛОЖЕН НАТПРЕВАР:
ТФТ – МЗТ Скопје Аеродром
Фото: https://kfsm.mk/