Виктор Киплагат од Кенија е победник на овогодинешното 19. издание на Скопскиот маратон. Македонскиот атлетичар, Дарио Ивановски заврши како трет.
Киплагат патеката од 42 километри ја истрча со време од 2:15.09 часа, втор беше неговиот сонародник Черио Лабан, а трет заврши Македонецот, Дарио Ивановски со време од 2:19.08 часа.
Кај дамите победник е Рут Матебо од Кенија со 2:15.09 часа пред Мерси Кипекомои, а како трета заврши Марија Врајиќ.