Поради откажувањето на главниот спонзор на Келце веќе е најавено дека клубот ќе мора да се ослободи од најскапите ракометари, а меѓу нив се токму Карачиќ, Душебаев и Вулф.
Ова е голема шанса за Вардар кој е во потрага по среден бек да си го врати Игор Карачиќ повторно во своите редови.
Неочекувано шанса од сенка гледа и Еурофарм Пелистер кој покажа дека стои добро финансиски и е во потрага по квалитетен голман. После неуспешниот обид да се донесе Мирко Алиловиќ дали во Битола може да дојде до нова “бомба” и ангажман на “скапиот” Андреас Вулф останува да видиме.