„Освоив многу трофеи со Шпанија, но европската титула со Вардар ми е специјална!“
Поранешниот ракометар на Вардар, Жоан Кањелјас кој успеа во кариерата да освои многу титули, во интервју за официјалниот сајт на ЕХФ кажа дека титулата во Лигата на шампиони со македонскиот тим му е најдобриот момент во кариерата.
Кањелјас во кариерата учествуваше на седум фајнл-фора во елитното натпреварување и тоа со Барселона, Сиудад Реал, Атлетико Мадрид, Хамбург и Кил, но трофејот го освои со Вардар.
„Учествував на завршните турнири дури седум пати, но во првите пет пати немав многу успех. Многу пати бев блиску до трофејот, но си помислив дека никогаш нема да го освојам. Луѓето ме прашуваат колку трофеи имам во Лигата на шампиони. Само една и затоа е толку специјална“, рече Кањелјас.



