ЖРК Стружанка е шампион во кадетска женска лига на Македонија за сезона 2020/2021. Во финалето на кадетската женска лига екипата на ЖРК Стружанка беше поуспешна од ЖРК Деспина со резултат 18:16, а во натпреварот за трето место ЖРК Вардар поуспешна од екипата на ЖРК Металург со резултат 21:15.

КОНЕЧЕН ПЛАСМАН:
1. ЖРК Стружанка
2. ЖРК Деспина
3. ЖРК Вардар
4. ЖРК Металург
За најдобар играч (MVP) прогласена беше ракометарката на ЖРК Стружанка, Затуроска Бојана. За најдобар голман беше прогласена Чурлиноска Матеа од ЖРК Деспина, а Голабовска Марија од ЖРК Стружанка и Богојеска Сара од ЖРК Деспина се прогласени за најдобри стрелци.