Кадетите стартуваа со тешка победа во квалификациите за EHF M18 кои се играат во Македонија во денешниот натпревар славеше против Словачка со 27:26 (полувреме 14:14).
Најефикасни во нашата репрезентација предводена од селекторот Наум Танески, беа стружанецот Јован Петрески со 8 погодоци, Дамјан Митев со 5 и Самоил Ристевски со 4 гола од 4 обиди.
Одлична игра прикажаа и тројцата ракометари на Струга, Велјаноски со 2 , Мечкароски и Матески со по 1 погодок и сите тројца беа без промашување.





