Машката кадетска репрезентација на Македонија обезбеди место во полуфиналето на силниот „Шпаркасен Куп“ што се игра во германскиот град Мерциг . Во вториот денешен натпревар Македонија славеше со 27:21 над Холандија, после утринскиот пораз од силната Германија.
Прв стрелец во нашата репрезентација беше Мирче Калајџиоски со 11 погодоци, додека Узунчев, Субашевски и Белистојаноски постигнаа по 4 голови.