Шведскиот репрезентативец со македонско потекло, Дејан Кулушевски има постигнато 3 гола на 12 настапи откако пристигна во тимот на Јувентус. Управата смета дека е премалку за фудбалер кој е платен 40 милиони евра, пишуваат италијанските медиуми.
Сонот да игра покрај Дибала и Роналдо му се оствари, но очигледно дека притисокот да игра за гигант како Јувентус си го прави своето. Сепак, има и оптимизам кај некои приврзаници на италијанскиот првак, кои се свесни за талентот и иднината која му претстои на фудбалерот.