Сигурен сум дека ќе направиме сè за достојно да го претставиме нашиот клуб и нашиот град во Лигата на шампионите, а покрај тоа и да ги оствариме зацртаните цели во домашниот шампионат и Купот на Македонија. Нашата визија и цел е да направиме спој од македонски квалитетни млади ракометари дополнително со странски играчи. Не сакаме да имаме преголем број на ракометари во ростерот, мислам дека со уште едно до две засилувања ќе направиме одлична екипа за новата сезона.- изјави тренерот Александар Јовиќ на првиот собир на Еурофарм Пелистер во пресрет на новата сезона.