Членовите на Триатлон и пливачки клуб 3Дисциплини од Струга со свој удел за Македонија на Балканското триатлон првенство во Загреб, Хрватска.
Миа Мачоска како член на кадетската репрезентација настапи на супер спронт триатлон 300м пливање,12км велосипед и 2.5 км трчање.
Вооедно ова е нејзина орва интернационална трка триатлон. Допрва ке стекнува искуство во спортот.
Додека со 5 наши членови во постари и помлади пионери настапивме во дисциплината акватлон ,за помлади пионери 50м пливање +500м трчање.
Постари пионери 100м пливање +1км трчање.
Нашите млади јунаци Дамјан Бежаноски 12 место и Марко Шаврески 16 место, настапија н а подолгата делница и во многу напната трка до самиот крај се изборија за нив не толку вообичаен пласман. Навикнати се на пиедестал.
Помалите ,Хади Исмаилоски 10 место и Виктор опетчески 7 место, додека за да не се вратиме без пиедестал се погрижи Јован Кутаноски кој го освои 3 тото место.
Веќе во Недела на 18.09.2022 во Струга не очекува последната триатлон трка за сезонава. Па еве прилика да ги поканиме сите наши сограѓани да дојдат да навиваат ,а зошто д ане и да се пробаат во некој од трките. – изјави тренерот Никола Кутаноски.