Жрепката во Цирих одреди една од најдобрите репрезентации на светот, четирикратниот светски шампион Германија во квалификациите за Светско првенство 2022 година во Катар, да игра против Македонија.
Германија е носител во групата Ј и е главен фаворит за освојување на првото место кое носи директен пласман на Мундијалот во Катар, а на селекторот на „Панцерите“ Јоаким Лев кој се наоѓа под сериозен притисок на јавноста поради слабите резултати во Лигата на нации, му олесна што доби „лесни“ противници.
Покрај Германија и Македонија, во групата Ј се уште и селекциите на Романија, Исланд, Ерменија и Лихтенштајн. Македонија ќе има чест да се соочи со четирикратниот светски првак.



