Вардар стигна до својата 14.титулс на 51. издание на турнирот во Струга, откако во финалето славеше против Алкалоид со 20:25.

Ракометарите на Вардар се закитија и со две индивидуални награди. За МВП на турнирот беше избран јапонецот Косуке Јасухира од Вардар, додека за најдобар голман Мартин Томовски исто така од Вардар.


Најдобар стрелец на турнирот беше Мерис Бошњак од тимот на домаќинот Струга со 18 погодоци.
