понеделник, јануари 30, 2023
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Кошарка

Јакимовски и Ти-Џеј Шортс одлични, добар настап и за Магдевски и Мекиќ (Македонски интернационалци)

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
јануари 23, 2023
📁 Кошарка

*Андреј Јакимовски го одигра најдобриот натпревар оваа сезона. Уи ИЗВЕСНО, Македонскиот репрезентативец беше и најзаслужен за третата победа во низа, а четврта во последните пет натпревари на Вашингтон Стејт Универзитетот.

Популарните „Кугарс“ го совладаа Станфорд со (60:59), по голема заслуга на на нашиот кошаркар. За 31 минута на теренот, Јакимовски постигна 17 поени што е негов најдобар ефект оваа сезона, а остана „пократок“за два поена од личниот рекорд во НЦАА. Погоди пет тројки од шест шута и додаде уште два скока и две асистенции.

Подемот во формата на ВСУ се поклопи со враќањето во тимот на Јакимовски кој пропушти речиси два месеца поради повреда на ногата.

*Андреј Магдевски и неговиот нов клуб, холандскиот Донар, стигнаа до уште една победа во новата календарска година. Во 15.коло од BNXT лигата, екипата од Гронинген на гостински терен славеше убедлива победа прротив Бал Веет (78:52).

Македонскиот репрезентативен бек реализираше шест поени (3/4 во обидите за два поени). А за 18.минути во игра додаде и по три скока и три асистенции, и по една блокада, односно загубена топка.

*Ти-Џеј Шортс не го погоди обидот вреден продолжение од пет минути во големото дерби на Бундеслигата одиграно во Берлин. Остана краток нашиот репрезентативец во последниот напад на оваа средба во „Мерцедес бенз“ арената во која на крајот домашната Алба однесе триумф (81:76) во дербито на колото против Телеком Бон и остана сам на првото место на табелата.

Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс беше убедливо најдобар поединец на натпреварот. Шортс постигна 30 поени и имаше уште четири скока за помалку од 33 минути поминати на теренот.

*Овој викенд, беше и првиот „работен“ за Адем Мекиќ. Македонскиот репрезентативец го одигра својот прв натпревар во дресот на новиот клуб-Темишвар.

Екипата од Темишвар загуби на гостувањето во Букурешт, кај Динамо со (71:77), што е трет пораз во низа.

Иако во улога на дебитант, Мекиќ помина на теренот повеќе од 26 минути и за тој период постигна девет поени, а имаше и три успешни додавања, односно два скока за тоа време поминато во игра.

ShareTweet
Претходна вест

(Видео) Нов хит од Пајак во дует со Антониа

Следна вест

АО: Новак Ѓоковиќ лесно до четвртфинале

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Јакимовски маестрален за Вашингтон Стејт
Кошарка

Јакимовски маестрален за Вашингтон Стејт

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
29/Јан/2023
НЕВЕРОЈАТНО: Дончиќ постигна 60 поени, 21 скок и 10 асистенции (Видео)
Кошарка

НЕВЕРОЈАТНО: Дончиќ постигна 60 поени, 21 скок и 10 асистенции (Видео)

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
28/Дек/2022
Војдан и Стојановска најдобри, Нено Димитријевиќ најдобар странец
Кошарка

Војдан и Стојановска најдобри, Нено Димитријевиќ најдобар странец

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
28/Дек/2022
Стружанецот Коскоски со 31. кош ги водеше Навико Академија ФМП до победа
Кошарка

Стружанецот Коскоски одличен со 19.поени и 10.скока, но неговиот тим “немоќен” во Кавадарци

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
25/Дек/2022
Следна вест
АО: Новак Ѓоковиќ лесно до четвртфинале

АО: Новак Ѓоковиќ лесно до четвртфинале

Последно

(ВИДЕО) Второ овосезонско славје за Ана Одине Стром

(Фото+Видео) Посетете ја Венеција пред да се наплаќа влез

(Фото) НЕВЕРОЈАТНО: Meчка сама направила 400 селфи фотографии

Два од два за Гранеруд; Словенецот Зајц до првиот подиум во сезоната

Јакимовски маестрален за Вашингтон Стејт

Андерсон и Клебо триумфираа на дваесет километри во Ле Рус

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.