По завршницата на Купот на Македонија, каде што Вардар го совлада Еурофарм Пелистер со 31-27 и го освои трофејот, беа доделени и индивидуалните признанија.
За најкорисен играч (MVP) на турнирот беше прогласен Томислав Јагуриновски, десниот бек на Вардар, додека неговиот соиграч Мигел Еспиња беше избран за најдобар голман.
Признанието за најдобар стрелец го доби капитенот на Еурофарм Пелистер, Филип Кузмановски, кој постигна 11 гола на Ф4 турнирот.




