Дарио Ивановски и Адријана Поп Арсова се победници на Скопскиот маратон. И двајцата низ целта минаа со времиња на нови македонски рекорди.
Ивановски трката ја заврши со време од 2 часа 21 минута и 27 секунди и славеше пред Младен Ставановиќ од Босна и Херцеговина додека трет е Германецот, Давид Перлич.
Кај дамите Поп Арсова славеше пред Еквадорката, Силвија Јукаила, а третото место и припадна на Билјана Кираџиева.