четврток, мај 26, 2022
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна МАГАЗИН ЗАБАВА

Игор Џамбазов е добитник на наградата за животно дело

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
мај 8, 2022
📁 ЗАБАВА, МАГАЗИН

Актерот првенец на РСМ НУ МНТ Игор Џамбазов е добитник на овогодинешната награда за животно дело насловена по неговиот дедо Петре Прличко. Џамбазов (1963) скоро пет децении е дел од македонскиот театар, филм и култура. Преку остварените ликови на сцената на МНТ, како и на сцените на други театри се испишува и дел на историјата на театарот. Тој е актер за кој безброј пати е констатирано дека е заштитен знак на македонскиот театар и филм. Во НУ Македонскиот народен театар – Скопје е вработен од 1992 година. Претходно, од 1987 до 1992 година работи во Драмски театар – Скопје, откако дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности – Скопје. Преку неговите остварени ликови, првенствено на сцената на Македонски народен театар и Драмски театар – Скопје се испишува и еден голем дел на историјата на театарот во периодот помеѓу 1984 и 1996 година, декада во која ги остварува некои од своите најпознати улоги и во кои своите ликови ги реализира на начини кои го вреднуваат на највисокото и најпрепознатливо ниво. Истото се докажува и со последните негови остварени улоги во кои е евидентно неговото стекнато искуство, актерска зрелост и изразена моќ во сигурноста на говорот и односот на сцената. Џамбазов е една од доминантните појави и опстојби на македонската актерска сцена, актер кој се разви во уметник со огромна дарба и разнобразен репертоар. Неговиот актерски опус го разви во комплексна актерска личност која реализира карактерно моќни креации – речиси секогаш главни ликови. Со постојаноста на квалитетот на сцената, на филмското платно, на телевизискиот екран и на уште низа настани во чија реализација учествува, Џамбазов е вредносен носител на реализации преку кои тој е запаметен/се памети како човек/актер/уметник кој плени, а на сето изминато време му дава значаен белег. – стои во објавата на Македонски народен театар.

ShareTweet
Претходна вест

Петар Богдановски е бронзен во Бодибилдинг Јуниори на Европското првенство

Следна вест

Зорица Десподовска најзаслужна за победата на Кобержице

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

,,До целта” на Ана Стојаноска избрана за најдобра творба на ,,Мојата трка”
ЗАБАВА

,,До целта” на Ана Стојаноска избрана за најдобра творба на ,,Мојата трка”

✏️ Епов Насе
21/Мај/2022
Се одржа 25. издание на Златна бубамара на популарноста
ЗАБАВА

Се одржа 25. издание на Златна бубамара на популарноста

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
13/Мај/2022
Српска одбојкарка сака да стане светски првак како нејзиниот татко (Галерија)
ЗАБАВА

Српска одбојкарка сака да стане светски првак како нејзиниот татко (Галерија)

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
10/Мај/2022
„Трка на Поезијата“ Струга, второ издание!
НАСТАНИ

„Трка на Поезијата“ Струга, второ издание!

✏️ Марјан Туртуров
21/Апр/2022
Следна вест
Зорица Десподовска со ОСУМКА донесе победа

Зорица Десподовска најзаслужна за победата на Кобержице

Последно

Вардар против Тиквеш ќе ја прослави титулата

Македонија ја “преслуша” БиХ со убедливи 3:0 (Сребрена лига)

Новиот англиски шестолигаш доведе солидно засилување на тренерската позиција

(ВИДЕО) Тампа Беј го реши дербито на Флорида со три хоум-рани

(ВИДЕО) Њујорк Ренџерс ја израмнија серијата против Каролина Хурикејнс

(ВИДЕО) Дончиќ со дабл-дабл ја спаси првата ,,меч-топка” на Голден Стејт

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.