Македонскиот автомобилист, Игор Стефановски – Иџе го освои првото место на втората трка која се возеше на Глазбехренен во Германија.
„Ова е тоа, ова го чекав, 1. место, прва победа со Ферари“, напиша Иџе по победата.
Игор Стефановски со своето Ферари, вчера ја дочека и првата победа во својата нова авантура на Европскиот шампионат на ридски патеки.




