„Македонија, ова е за тебе. Победник во Европскиот шампионат на ридски патеки во Група 1! Овој успех не е само мој, туку на цела Македонија. Благодарност до сите кои беа со мене низ овој пат, до мојот неверојатен тим ,тимот на Ферари ,до моите спонзори и до сите вас кои ни давате безрезервна подршка во сето ова“, објави Игор Стефановски – Иџе.
Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски-Иџе во првенството на ридски патеки во Хрватска, го освои првото место во групата 1.

Иџе беше подобар од Рони Братшчи од Чешка и Домагој Перековиќ од Хрватска.




