Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд ќе го промени бројот на својот дрес за следната сезона.
По пристигнувањето од редовите на Салцбург, одличниот фудбалер го доби бројот 17 за употреба, но од следната сезона тој ќе стане новата ’деветка’ на тимот од Дортмунд.
Последниот што го носеше број 9 на тимот од Дортмунд беше Пако Алкасер. Тој е исто така причината зошто Халанд не можеше веднаш да го добие бројот девет бидејќи според правилата на Бундеслигата тој не можеше да го стори тоа, но сега нема пречки и Норвежанецот ја исполни својата желба.
Во изминатите години, деветката на Борусија припаѓаше на многу добро познати имиња, Чиро Имобиле, Роберт Левандовски, Нелсон Валдез….
Таа беше во сопственост на многу други големи имиња, како што се Стефан Чаупусат, Ларс Рик, Јан Колер, Карл-Хајнц Ридл и многу, многу други.